Одделот за права на парична помош превзема мерки за заштита на стандардот и социјална сигурност на граѓаните кои немаат средства за егзистенција, а се изложени на социјални ризици на подрачјето на град Кратово.
Од делокругот на остварување на правата од парична помош, одделите се надлежни за вршење на следните работи:
- врши информирање и упатување на граѓани во однос на остварување пристап до права од социјална заштита,
- врши непосреден увид заради утврдување на фактичката состојба во домаќинството и потребите на членовите на домаќинството од социјална заштита,
- решава за правата на парична помош од социјална заштита, утврдени со Законот за социјална заштита (гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за домување, траен надоместок и еднократна парична помош, здравствена заштита)
- решава за правата на парична помош утврдени со Законот за заштита на децата (детски додаток; посебен додаток; еднократна парична помош за прво и второ новородено дете, родителски додаток за дете; додаток за образование; партиципација)
- решава за правото на социјална сигурност за старите лица утврдени со Законот за социјална сигурност за старите лица
- решава за парична помош на лица со признаен статус на бегалец и под супсидијарна заштита, утврдени со Законот за азил и привремена заштита
- решава за парична помош од цивилна инвалиднина
- води евиденција и прибира документација за корисниците на социјална заштита, заштитата на децата и за применетите облици на социјална заштита,
- остварува комуникација со сите релевантни институции и установи што ги третираат проблемите од областа на остварување на права на парична помош,
- врши и други работи утврдени со закон




















